Менталните способности на луѓето кои често консумираат боровинки и јагоди се за 30 проценти повисоки од оние кои ретко или никогаш не ги консумираат овие два блогодати на природата.
Јагодите и боровинките се богати со flavonoid или витамин П, кој позитивно делува врз менталните способности на луѓето.
Тим од медицински експерти од Бостон во текот на 16 години ја прателе здравствената состојба на повеќе до 16.000 луѓе кои пополнувале прашалници за навиките во исхраната.
Секои 2 години биле испитувани менталните способности на испитаниците. Резултатите кои се добиени во ова долгогодишни испитување велат дека оние личности кои имале преференции да консумираат боровинки и јагоди во текот на годините не ги губеле когнитивните ментални способности за разлика од оние кои ретко или никогаш не консумирале јагоди и боровинки.
Директорката на истражувањето Elizabet Devor, неврохирург од Бостонската болница Brigam, нагласува дека овие резултати се доволен мотив луѓето кои го сакаат својот живот, сакаат да се здрави и сакаат да бидат во топ ментална форма потребно е да консумираат јагоди и боровинки. Богатството од витамини и минерали во овие дарови на природата, богатството од антиоксиданти и флавоноиди се вистински дар од природата кој мора да се искористи. Нискокалорични но ектремно хранливи и пред се одлични за Вашето здравје.
