After Midnight

Треба ли емоциите да ги криеме?

Понекогаш се прашувам дали има место за емоции во овој свет…за нежност…за топлина? Или се е само спомен од минатото? Јас ли сум од друга планета? Зошто треба да се затворам во оклоп за да се заштитам од светот? Зошто светот ми се смее иронично секогаш кога ќе покажам емоции? Зошто е чудно да имаш отворени за светот сетила?

Можеби затоа сум сама, но неможам да бидам студена. Сум се обидела, но ништо. Очигледно премногу оган има во мене и ништо не го гаси. Во овој леден свет што друго може да се очекува од мене освен самотија?

И сум сама во мојот замок уште една ноќ…Навикнав да сум сама. Тогаш сум себе си, тогаш сум и некоја друга. И сум осамено мало девојче и сум силна независна жена. И сум топла како пролетен ден и сум ладна како дождот. И сакам да создавам и сакам да рушам. И душата ми е како летна бура родена од средбата меѓу топлиот и студен воздух.

Студен свет. Луѓето знаат само да судат и да даваат совети и секој од нив мисли дека знае се и дека има право да се вмеша и во твојот живот. Ја гледаат пред се негативната страна , заборавиле да те сакаат со сите твои добри и лоши црти, да те разберат и прифатат, да го најдат убавото во тебе. Секој ти кажува што да правиш, како да си го дишеш воздухот, каков треба да бидеш, како да се однесуваш…

Ајде…движи се по површината, немој да мислиш. Премногу мислиш и гледаш на светот премногу длабоко. Не треба, треба да одиш по инерција, да зборуваш по инерција, да работиш по инерција, да сакаш по инерција. Живеј по инерција, без да чувствуваш премногу…за да не се изгориш случајно! Криј се зад искривена карневална маска…нели така е полесно. Обиди се да се допаднеш, да не кажуваш што мислиш, за да не создаваш конфликти. Трпи и спаси си ја душата…Да не те проколне Оној од горе зошто не ги прифаќаш заповедите. Затвори се во оклоп…додека вистинскиот живот се случува надвор од твоите граници. Затварај ги очите…Потони во својата вечна дремка. И гледај да не успееш да се разбудиш, за да не зажалиш, дека животот ти поминал монотоно.

1 Коментар

Напиши коментар