Celebrity

Трејлер за најновиот дел на „Resident Evil“!

Петиот дел на популарниот филм „Resident Evil“ со наслов „Retribution“ треба премиерно да биде прикажан во светските кина на 14-ти Септември во Америка. На ЈуТјуб е поставен официјалниот трејлер кој за кратко време е прегледан од повеќе од милион обожаватели.

Во долгоочекуваното продолжение повторно ќе можете да ја видите Мила Јовович во главната улога, а приказната е сработена во 3D технологија. Дејството се одвива околу хероината Алис која патува од Токио до Њујорк, а едно неверојатно откритие ја тера длабоко да размисли за она што таа навистина е.

Заинтересираноста на гледачите за ова продолжение е огромна, а тоа го потврдува и огромниот број на прегледи на трејлерот. Погледнете го и вие:

Write A Comment