Celebrity

Тренди петле – фризура на Josh Duhamel :)

Новата фризура на актерот Josh Duhamel се прошири низ интернет со брзината на светлината откако во петокот бил забележан со еден пријател на улица. Можеби токму поради тоа, додека играл голф, решил да се сокрие со капа.

Сепак, минатата вечер додека присуствувал на една забава по повод празникот Сент Патрик во Беверли Хилс, заедно со својата жена Fergie, тој не пропуштил да се пофали со новостите. Сепак, од неофицијални извори се дознава дека новата фризура не е резултат на промена направена по иницијатива на актерот, туку за потребите на неговата најнова улога.

Тој половично си ја избричил главата за драмата „Scenic Route“ во која заедно со еден пријател од колеџ тргнуваат заедно на пат. Нивното пријателство е ставено на тест кога ќе се најдат изгубени на сред пустина. Филмот е во режија на Kevin и Michael Goetz.

Напиши коментар