After Midnight

Три чекори за зајакнување на врската

Доколку сте заинтересирани за привлекување и одржување на љубовта во вашиот живот морате да обрнете внимателни за врската на телото и умот. Пред се тоа е потребно заради одржување на здрава емоционална врска со партнерот.

Послушајте го вашиот стомак

Дали некогаш сте отишле на прв состанок а со себе да го носите и чувството дека нешто не е во ред? Нешто во врска со тој состанок ве прави нервозни меѓутоа не на добар „пеперутки во стомакот“ начин. Тогаш вашето тело пробува да комуницира со вашиот ум. Немојте да го игнорирате. Никогаш не е погрешно време да го послушате вашиот стомак – никогаш!!! Многу пати луѓето се излажани иако инстиктивно тоа го знаеле. Сфатиле дека нешто не е во ред меѓутоа врската тело-ум негде пукнала. Верувајте им на своите инстинкти но не претерувајте може да доведат до љубомора. Запознајте го своето тело тоа е единствениот начин да направите вистински баланс помеѓу телото и умот.

Препознајте ги своите емоции

Сите ние имаме чувства, дефинитивно мораме да бидеме свесни како некоја личност влијае врв нашите чувства и како се чувствуваме кога сме блиску до него или неа. Разберете ја разликата помеѓу вашите мисли и чувства. Ако имате тенденција да запаѓате во негативни мисли, морате да се ослободите од таа лоша навика. Дали сте слушнале за законот на привлечноста?… Тоа значи дека вашите мисли во еден момент стануваат ваша стварност. Ако мислите дека сите луѓе се „будали“, верувајте ќе налетувате само на такви примероци. Ако верувате дека добрите момци секогаш го извлекуваат подебелиот крај, верувајте тоа ќе ви се случи и на Вас. Негативните емоции и негативните системи на верувања оставаат пустош во врските мажи – жени.

Изразувајте се на прав начин, но не премногу

Пред се ако треба да разговарате со личност со која се гледате за озбилно, бидете директни. Заборавете на реченици и текстуални конструкции преку смс, мејлови, скајп, фејсбук… Не изнесувајте премногу интимни детали и не дозволувајте да ви ги кажуваат нивните. Тоа е смртна казна за новата врска. Не се отварајте премногу, затоа што личноста на другата страна може да се уплаши од темпото со кое ќе треба да ги изнесе своите интимни тајни. Морате да знаете како најнежно да навлезете во матните води на личните и интимните разговори.

Напиши коментар