Ако сакате да оставите впечаток на мистериозна и недостапна девојка, освен на однесувањето треба да внимавате и на изгледот. Во тоа шминката може многу да ви помогне. Еве неколку совети
Подлога и руменило
Подлогата има огромно влијание за вашиот изглед. Затоа не штедете на време. Нежен, светол, светкав тен. Нијансирајте го со потемна пудра во пределот околу коските. Руменилото нека даде особен израз на јаболчниците.
Очи
Погледот е пресуден. За да го постигнете вистинскиот ефект очите нашминкајте ги со јаки бои. Истакнете ги убавите линии, а корегирајте ги недостатоците со шминка. За почеток одберете темна сенка за очи, ставете црно моливче и многу маскара. На долната линија од трепките повлечете бела линија, а на горните трепки ставете многу повеќе маскара. Нормално доколку вашите очи тоа го дозволуваат.


Усни
Кога очите се доволно истакнати на усните би требало да нанесете само нежен кармин или пак провиден сјај.
