Мажите и жените различно го доживуваат сексот. Иако веќе одамна живееме во време кога веќе скоро сите табуа во врска со сексот и односите се скршени, сепак многумина се уште веруваат дека жените не сакаат порно филмови и дека сонуваат за секс кој трае со денови. Но сепак се работи за големи заблуди.
1. Жените не сакаат секс на брзина
Сексот кој трае и трае е мит кој најчесто го гледаме во филмовите. Должината на сексуалниот чин всушност е небитна, бидејќи ако партнерот знае како да ги задоволи нејзините потреби, неколку минути ќе се доволни за да го доживее оргазмот од своите соништа. И да не заборавиме да споменеме дека во сексот секогаш треба да одвоиме и некоја минута за предигра.
2. Жените се згрозуваат од порно филмовите
Истражувањето на телото и положбите во сексот се сосема нормални, како кај мажите, така и кај жените. Гледањето на страстен секс и две голи тела кои се спојуваат во едно е подеднакво еротично и за жените и за мажите и може да предизвика сексуална страст.
3. Мажите не сакаат сексуални помагала
Сексуалните помагала како вибраторите, прстени, лубриканти и слични играчки за возрасни се сè попопуларни, а со помош на сексуалните играчки самиот секс поминува едно повисоко ниво. Мажите сакаат да експериментираат, а глетката на гола жена која со задоволство го истражува своето тело и не се заборава така лесно.
