Раперот Виз Калифа се соочува со тужба поради кршење на авторски права за неговата позната песна „Black and Yellow“. Раперот Макс Грегори Ворен или скратено Максамилион го обвинил Виз дека му ја украл траката кој тој примарно ја нарекол „Pink and Yellow“, а била за прв пат објавена во 2008 година.
Ворен веќе ги поднесол документите во судот во Пенсилванија и бара најмалку 2,3 милиони долари оштета. Тој не го обвинува само Калифа, туку и целиот негов тим кој заедно го продуцирал хитот од 2010 година, а му го презеле концептот за песната кратко пред тој да ја заштити со авторски права.
Од таборот на Калифа сеуште намаат искоментирано ништо во врска со овој инцидент.
