After Midnight

Убав маж – голем проблем?!

Сигурно и на вас ви се случило, шетајќи по улица да сретнете прекрасна жена држејќи за рака грозен маж?  Или убав маж со грозна жена до себе? За мажите веќе ја разјаснивме мистеријата во една од претходните статии. Денес е ред да откриеме зошто убавиците се врзуваат со грозни мажи.

За мажите веќе кажавме зошто избираат грозна жена: така тие си обезбедуваат спокоен живот (без љубомора, дека ќе им ја земе некој), фактот дека грозната жена го компенсира својот лош надворешен изглед во сексот и во кујната , а мажот без проблем може да има убава љубовница, бидејќи грозната жена гледа низ прсти. Таа не е во ситуација да поставува ултиматуми.

Во книгата  „Why Beautiful People Have More Daughters” се вели дека убавите мажи се лоши партнери. Тие не инвестираат доволно во врската и бракот и сигурно не се моногамни. Не се искрени со партнерката, сметаат дека убавината е нивна привилегија која им дава извесни права да се трудат помалку и да бидат поегоистични. Истото се однесува и на убавите жени. Тие (убавите) од лично искуство знаат дека да изберат убав маж значи и голем проблем.

Сега следува прашањето зошто убавиците избираат грозни мажи и притоа се безумно среќни ( барем дел од нив).

Затоа што тие мажи ќе им ги бакнуваат нозете?!

Една од хипотезите е дека убавите жени се мажат за грозни мажи пред се поради утврдување на својата вредност и самодоверба, споредувајќи се со партнерот. Таа секогаш е нешто повеќе од него. Овие жени се доста несигурни и сакаат да бидат поубавата половина во врската. Тие имаат потреба постојано да си докажуваат и да им се покажува дека се убави. Освен тоа ваквиот маж ги остварува сите незини желби! Се што ќе посака, се има! Исто како и грозната жена и грозниот маж гледа низ прсти за делата на својата убава сопруга. и секогаш и простува…

Убавите жени се егоисти и несигурни?!

Слична на горната хипотеза тврди, дека убавите жени имаат слобода да прават што сакаат знаејќи дека на крај имаат кај кого да се вратат. Оваа жена создава илузија кај мажот дека тој никогаш нема да најде толку убава жена како неа која ќе го сака, па така таа зема од него се што сака. Освен тоа оваа жена е способна да излегува со грозни пријателки за да се чувствува доминантна. Жените се жестоки! Ако си избере грозен маж, тогаш бидете сигурни дека има некаква скриена причина.

Или пак станува збор за пари?

Кај нас има стотици примери млади и привлечни жени во комбинација со грозни но затоа богати мажи. Мислам дека овде нема што повеќе да се коментира. Повеќе е од јасно.

Се разбира, жените се различни и не сите убави жени избираат грозен маж. Ако за момент го насочиме погледот кон нас и луѓето што не заобиколуваат можеби ќе најдеме логика во дел од наведените причини.

И повторно да нагласиме дека убавото и грдото се субјективни категории и никој не треба да го сваќа ова лично.

Напиши коментар