Убавина

Убава во 2012-та

Со почетокот на новата година воведете неколку промени во начинот на нега. Ова се неколку совети кои би требало да ги практикувате во новата година.

Користете заштитен фактор

Хидратацијата е важна доколку сакате вашата кожа да биде здрава и убава. Користете креми со заштитен фактор, со оглед на фактот дека зрачењето е големо.

Храна за убавина

Храната исто така има огромно влијание за убавината. Потребните витамини и минерали внесувајте ги преку исхраната. Тоа ќе ви биде наградено со убава кожа и коса.

Пијте многу вода

Правилото дека треба да пиете многу течности, а особено вода сеуште важи. Свежата кожа која е еластична посопоро старее. Затоа пијте многу вода.

Симнете ја шминката пред спиење

Колку и да сте уморни исчистете ја шминката. Така ќе и овозможите на кожата да дише слободно. Затворените пори може да предизвикаат појава на акни, но и уморен и безживотен тен.

Фрлете ја старта шминка

Во новата година направете ревизија на шминката која ја имате. Видете што од она го користите има сеуште рок на траење. Не би било лошо да ги исфрлите сите четки и сунгерчиња и да се снабдите со нови.

Грижете се за косата

Пречестото миење на косата предизвикува сушење на кожата на главата. Тоа предизвикува пак првут. Мијте ја косата со поблаг шампон и користете средства кои и даваат влажност на косата. Доколку имате време не е на одмет да направите некоја домашна хранлива маска за коса.

Престанете да пушите

Откажувањето од цигарите нека биде ваша нова цел во новата година. Пушењето ве остарува порано, па затоа имајте во предвид дека целокупниот труд за да имате убава и негувана кожа паѓа во вода.

Write A Comment