After Midnight

Убави, паметни, неодоливи… а сепак одбивни на мажите ???

Згодни сте, секогаш позитивно расположени и знаете да бидете забавни во друштво…а сепак ниедно машко не Ви приоѓа ?

За сето тоа постојат повеќе причини, претежно ситници, кои го иритираат појакиот, но понекогаш и многу поситен пол:

Машко друштво – Ако почесто сте опкружени со „ фраери “ речиси никој кој Ве познава нема да Ви пријде. Наредниот пат и Вие пратете некаков сигнал кон момчето кое Веќе половина час Ве зјапа од шанкот, дека всушност…може да Ви пријде. Иако не е лесно да пријде на девојка опкружена со машки, може да Ве праша што ќе се напиете, ќе Ви се претстави, заедно ќе играте…ќе се запознаете подобро !

„Неколку“ чашки повеќе – Ако сте претерале со пиењето во некој клуб, ретко кое машко ќе Ви се приближи. Машките, едноставно не сакаат пијани девојки. Само, дилемата е дали се плашат од Вашата поголема самоувереност или едноставно не сакаат девојки „ под гас“.

Премногу сте провокативни – Ако се облечете или се однесувате премногу секси, машките ќе Ви се плашат. Кога тие гледаат згодна девојка, се чувствуваат недостојни да и пријдат.

Прстен на рака – Ако имате прстен кој наликува на венчален, дефинитивно ретки се шансите некој да Ви пријде…Нема потреба повеќе да објаснуваме…

Премногу чепкате по мобилниот телефон – Ако делувате како премногу „ зафатени “, постојано телефонирате или чепкате по лаптоп, нема да привлечете многу внимание. На машките ќе им бидете многу поинтересни ако се однесувате како да Ви е здодевно.

Напиши коментар