Free zone

Украле цел мост и го продале како старо железо

Двајца мажи од Полска дошле до една генијална идеја, па го украле мостот кој водел до рудникот и во делови го однеле да го продадат како старо железо. И се би било супер, никој ништо не би забележал доколку камионот не им се расипал во последната тура на транспорт. Тогаш работниците од рудникот го забележале сомнителниот паркиран камион крај патот и пријавиле во полиција. Ниту во фабриката за рециклирање на железо ниту полицијата забележала нешто.

Сега се чека на пресудата, за која се претпоставува дека ќе изнесува пет години затвор, ако се потврди дека тие се крадците, што е премногу веројатно.

Напиши коментар