Убавина

Ултра модерни бои на нокти за оваа Пролет…

Токму како и на модните писти и на ноктите се носи друга мода  оваа Пролет, а ние Ви откриваме кои бои на лакови се ин…

Неутрални – Нежните нијанси на беж, сива, розова и бела се боите кои имаат предност оваа Пролет. Одберете неутрална боја која одговара на се.

Пастелно зелена – Најдобра боја за лак е бојата на нане. Само внимавајте да не е премногу проѕирна.

Розова и црвена – Оваа Пролет се актуелни и пастелно црвената, односно боја на роза, а и темноцрвената ретро боја. Можете да го испробате и корално црвениот лак за нокти и розовате боја во сите нијанси.

Светло портокалова – Хит за оваа Пролет е светло портокаловата боја… Нанесете ја и на Вашите нокти !

Металик – Освен класичните златна и сива металик боја, оваа сезона актуелни се и декорации со геометриски примероци.

Write A Comment