Free zone

Уметноста може да се прикаже дури и на оризови полиња

Јапонските фармери ги гледаат работите сосема поинаку, со креација на големи уметнички слики во оризовите полиња тие се креативни наместо деструктивни. Јапонските фармери секоја сезона садат различни видови на ориз во различни бои, во имагинативни и прекрасни шари, создавајќи, како што растенијата растат и се развиваат, спектакуларни слики кои се видливи само од птичја перспектива до Септември кога се жнее насаденото. Тие секако се свесни за интересот кој го предизвикуваат во светот, секоја сезона следуваат нови слики, кои понекогаш вклучуваат и слики кои не припаѓаат на нивната култура, демонстрирајќи ја адаптивноста на уметничките дела кои тие можат да ги создадат. Ова е восхитувачки инспиративен концепт на посебна уметност во најнеобичен амбиент, докажува уште еднаш дека човекот има неверојатна имагинација, а природата е среќна да го потпомогне овој потенцијал. Вистинска уметност на средината. Што повеќе да се посака?

 

Напиши коментар