Пикантно предјадење кое ќе ги задоволи и најпрефинетите гурмани !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама полномасно сирење ( овчо или кравјо)
10 благи печени пиперки
1 лута печена пиперка ( за оние кои сакаат луто )
5 чешнина лук
1 лажица кајмак
1 лажица црвен пипер
3 тврдо варени жолчки
Малку масло за јадење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поголема чинија изрендајте го сирењето. Излупете ги печените пиперки и исчистете ги од семките. Со помош на блендер ситно исечкајте ги. Лукот и жолчките испасирајте ги.
Сите намирници убаво измешајте ги и додадете малку масло за јадење.
Формирајте топчиња од смесата и топчињата оставете ги во фрижидер барем 2 часа пред да ги сервирате.
Уживајте во вкусот!!!
