Celebrity

Уште два албуми од Ејми Вајнхаус?

Таткото на Ејми Вајнхаус, Мич им соопшти на своите фанови дека тие може да очекуваат уште два нови постхумни албуми од неа.

Тој открил за ВВС дека Ејми оставила многу песни зад неа кои се необјавени, и дека песните веќе се обработуваат и издавањето ќе биде наскоро.

Не сум сигурен колку песни има, но за еден, а можеби и два албуми ќе има сигурно, изјавил Мич.

Првиот постхумен албум на Ејми насловен “Lioness: Hidden Treasures”, беше објавен во декември минатата година и веднаш го достигна првото место во Британија.

 

Напиши коментар