Celebrity

Уште еден дует на Chris Brown! Овој пат со Brandy :)

По дуетот со поранешната девојка Rihanna, Chris Brown го вкрсти својот глас со уште една позната пејачка за да ја направи песната „Put it Down“.

Brandy и Chris Brown ја снимиле оваа заедничка песна која ќе се најде на новиот албум на пејачката со наслов „Two Eleven“. Песната е во продукција на Bangladesh и Sean Garrett.

Инаку, вреди да се спомене фактот дека Chris го промени датумот на објавување на неговиот албум „Fortune“. Иако првично беше планирано албумот да излезе кон почетокот на мај, раперот одлучил да почека уште неколку недели. На својот Твитер профил напишал дека албумот официјално ќе излезе на 3-ти Јули.

Преслушајте ја оваа соработка:

http://www.youtube.com/watch?v=f4ZuOJnp57Q&feature=player_embedded

Напиши коментар