After Midnight

Уште една потврда дека Фејсбук е вистински уништувач на врски

Новото истражување кое го спроведе интернет порталот Divorce-Online.com во Велика Британија даде уште една потврда дека социјалната мрежа Фејсбук е вистински уништувач на врски.

Истражувањето покажало дека за дури третина од разводите во Велика Британија виновен е токму Фејсбук. Слично истражување е спроведено и во 2009 година, но тогаш социјалната мреша била виновна за 20% од разводите, што значи дека уништувачката моќ на Фејсбук постојано се зголемува.

„Луѓето ги контактираат поранешните партнери или пријатели, па дури и една невина порака може да доведе до големи проблеми. Ако некој сака да има афера или да заведе некого, Фејсбук е најдобро место за тоа“, вели Марк Кенан, директор на Диворс Онлајн.

Тие понудија три причини зошто треба да го избришете вашиот профил. Првата е дека Фејсбук може да ја расипе вашата врска и вашиот брак, второ е дека секој може да ве навредува, да ги открие вашите тајни или пак да измислува лаги за вас, а третото е што може да налетате и на некои манијаци па со тоа и да си го ставите сопствениот живот во опасност.

Напиши коментар