After Midnight

Утрински секс за добар почеток на денот

Секс игрите најдобро е да ги темпирате во 7 и 30 наутро. Нивото на хормонот на стрес е на мнгу ниско ниво, а во ова време телото лачи огромна количина на сексуални хормони и адреналин. Луѓето кои тоа време го користат „активно“ се поопуштени и поенергични во текот на денот, тврдат британските научници.

За да го„разбудите“ партнерот, ставете ги дланките на неговите бедра, така што палците ќе ги насочите нагоре. Со бавни, со цврсти движена кружете со палците по неговата кожа. Тоа ќе го поттикне крвотокот кон „клучните делови“ и ќе го „припреми теренот за акција“ – тврди стручњакот за акупунктура Алексис Арвидсон.

„Заспаната партнерка може да ја загреете најбрзо со нежни допири и сензуално шепотење, како и галење на нејзиниот грб“, додава Ардвисон.

Не се само мажите визуелни типови – и жените може да се „запалат“ додека го гледаат партнерот како се тушира, и тоа за само 30 секунди. Затоа, дозволете си себеси малку воајеризам и изненадете го во бањата.

За време на сексот се лачи „хормонот на љубовта“ – окситоцин, кој делува на пробудување на блискоста помеѓу партнерот. По оргазмот се зголемува нивото на естроген кој е одговорен за функционирање на женското тело, особено на нежниот женствен изглед.

Напиши коментар