Бројките, економијата, статистиката… иако не ни иде да ги поврземе со љубовта сепак имаат тесна врска.
Кога некои правила важат во еден домен, зошто не би можеле да важат сегде?
Пред еден век еден италијански економист открил дека 80% од богатството на Италија се наоѓа во 20% од населението. Оваа формула се повторува и во образованието – статистички гледано 20% од студентите положуваат на испит од вкупно 100%, 80% од нашето време го трошиме за решавање на 20% од проблемите… сегде важи принципот 80:20. Епа таа формула применете ја во љубовта.
Ако го разгледаме нашиот љубовен живот ќе видиме дека најголемиот број од фрустрациите и кавгите се заради прости причини. Кавги за расфрланата облека, повеќе поминато време со пријателите… Сите тие ситници се само 20% од вкупните проблеми. Не го посветувајте своето време со 80% за да решите само 20% од проблемите. Тоа време посветете го на решавање на остатокот од 80% од проблемите, така ќе ја спасите врската. Сконцентрирајте се на големите проблеми, тие се причинител за лоша врска ситниците се само масло на огнот.
