Free zone

Вака е кога жената изневерува без грижа на совест

За разлика од мажите кои изневеруваат само заради секс, жените ги изневеруваат своите партнери затоа што им недостасува нежност, топлина, љубов и страст во всрката. И не е тоа најлошто, тие признаваат дека би го сториле повторно истото ако пак се најдат во слична ситуација.

Во Канада било направено едно истражување кое вели дека жените изневеруваат и заради освета. Кога тие се изневерени, одговараат со неверство.

Тешката ситуација во бракот, а и лошиот однос со сопругот ги тера жените да побараат нов маж. И кога тој маж ќе им ја врати насмевката на лицето тие се спремни да го прекинат лошиот брак или лошата врска.

Ладните односи доведуваат до недостаток на интимни моменти. Врската без секс ги тера жените да изневеруваат.

Проблемот заради кој жените ќе изневеруваат и во иднина е незаинтересираност на партнерот. Ако тој не ја забележува неговата жена и нејзините потреби многу јасно дека ќе биде изневерен.

Напиши коментар