Free zone

Вака не треба да и пријдеш на една девојка

На самиот почеток морам да кажам дека секоја жена е посебна на свој начин. На секоја различно треба да и пријдете, секоја има свои интереси, и не поминуваат исти фори кај секоја девојка. Но, во едно сите се исти. Девојките сакаат мажи со убави манири, мажи кои ќе знаат како да ги гледаат, мажи кои нема да ги доживуваат буквално како играчки со кои ќе си ги задоволат потребите и ќе си го наполнат егото.

За да и пријдеш на една девојка треба да знаеш како. Ако не си сигурен во себе и ако отидеш и кажеш нешто со кое таа никогаш повеќе нема да те погледне подобро не оди. Да, тие се комплицирани, различни, непредвидливи. Но, сепак и ние мажите треба да имаме во предвид дека жените не паѓаат на глупи фори, а ова се едни од нив:

“Извини, знаеш колку е часот?”

“Нешто си ми позната, да не се знаеме од некаде”

“Дали веруваш во љубов на прв поглед или да ти пријдам повторно?”

“Татко ти е сигурно терорист штом си таква бомба”

Сега за сега ми текнува само на овие, а жените сигурно би кажале многу повеќе:)

Напиши коментар