*Жените се како јаболките. Највкусните се горе на врвот од дрвото. Мажите не сакаат да се качуваат високо, од страв да не паднат и наместо тоа ги собираат паднатите јаболка од земјата, кои не се толку добри но затоа се достапни. И затоа јаболката на врвот си мислат дека нешто со нив не е во ред, и покрај тоа што се прекрасни!
*Една жена може така да те прати по ѓаволите, па да го чекаш патувањето со нетрпение.
*Жените не ги прават мажите глупаци, повеќето од нив одлично се справуваат со таа задача и сами.
*Ме запознаваат само луѓето за кои мислам дека има смисла, а за останатите сум едноставно тоа, што го гледаат.
*Убавото на животот е тоа што е непредвидлив. Следниот пат можеби вие ќе сте на дното, а јас ќе бидам човекот што ќе ве покажува со прст.
*Силно сакам! Тешко простувам! Лесно полудувам! Гадно повредувам! Рано или касно се добивам!
*Некои луѓе се како 1 денар, со две лица и ништо не вредат!
*Интригата е сила на слабите!
*Еден ден кога ќе страдаш така, како што страдам јас сега, а тој ден ќе дојде, рано или касно, Господ да ти е на помош!
*Подобро со искреност да спечалиш стотина непријатели, отколку со лицемерие, десетина пријатели.
*Каков пријател е оној што те турка во калта и после те прашува зошто си валкан?
*Додека вистината ги облекува чевлите…лагата може да го обиколи целиот свет!
*Знам која да бидам, знам зошто сум луда, знам кого бакнувам и знам што ризикувам!
*Се трудам да ме добиваат тешко, за да ме ценат доволно кога ќе ме имаат! Ако е многу лесно – не е интересно!
*Вистината боли, но тоа не значи дека лагата лекува!
*Секогаш ќе има луѓе кои ќе зборуваат против мене, но тоа се луѓето, кои немаат и никогаш ќе немаат место во мојот живот.
*Не е важно што ти зборуваат зад грб. Важно е кога ќе се свртиш, сите да молчат!
*Успешен маж е оној што може да ги задоволи сите желби на една жена, а успешна жена е онаа што може да најде таков маж.
*Ако зад секоја курва застанат мажите кои и помогнале да се збогати, мислам дека толпата ќе биде поголема и од концерт на Металика.
*Подобро да си кучка во очите на мажите, отколку играчка во нивните раце!
*Силна сум, зошто ги знам моите слабости. Убава сум зошто ги знам моите недостатоци. Не се плашам, зошто знам како е да се живее во страв. Постапувам мудро, зошто знам како е да те прават глупак. И се смеам, зошто знам дека не ми прилега тагата…
*Понекогаш, ако не и секогаш, за да почне некој да се интересира за тебе, треба ти да престанеш да се интересираш за него!
*Само децата плачат и само Бог простува вистински. Ако ме повредиш, јас нема да плачам, не сум дете, но нема и да простам, не сум Бог!
*Имаше луѓе кои го видоа најдоброто во мене и ме предадоа, но имаше и такви кои го видоа најлошото во мене и останаа!
*Твојот однос кон мене, ги одредува моите чувства за тебе!
Јас сум сето тоа, можеби и нешто повеќе, но знам дека ЈАС не сум за слабите мажи!!!
