Секогаш се зборува за жените, како тие треба да изгледаат, какви се тие, како се самостални, еманципирани, знаат со автомобилите, знаат да ги поправат недостатоците во домот, заработуваат… Овој пат ќе кажеме како треба да изгледа идеалниот маж на 21 век, нормално според критериумите на жената.
Да знае да готви
Мажот на 21 век мора да знае да готви. Не е доволно да свари јајца, готвење подразбира подготовка на најразлични специјалитети. Па приговорите за тоа дека неговата мајка знае подобро да готви подобро да ги употреби за себе.
Да мие садови
Според жените, вистинскиот маж знае да ги измие садовите и се буни кога тие не се измиени, тоа значи да забележува што се случува во кујната.
Машината за перење алишта е негов пријател
Валканата облека за мажот не е некаков проблем, нормално со чест на исклучоците. Но, жените сакаат таков маж кој ќе се грижи за чистата облека, ќе знае да ја укучи машината за алишта.
Да не глуми пред пријателите
Типична ситуација, кога е со жената тој е папучар, а кога ќе дојдат пријателите тој се претвара во мачо тип. Тоа страшно ги нервира жените, па си сакаат маж папучар кој ќе биде таков цело време.
Да биде џентлмен
Правиот господин има манири. Да знае да отвори врата, да го придржи палтото додека жената се облекува, да го подмести столот додека жената седнува…
Да не му смета ако жената повеќе заработува
Работниот свет е отворен за двата пола, но никако мажите да се навикнат на фактот дека сега и жената заработува. А уште помалку па да се навикнат на тоа дека жената повеќе заработува од нив.