Celebrity

Val Kilmer непрепознатлив како Mark Twain!

Актерот кој се прослави со филмот „Top Gun“ се враќа на големото платно во улогата на познатиот писател Mark Twain.

Откако неговата соработка со авторот на триологијата „The Godfather“ – Francis Ford Coppola и не беше така успешна, Val Kilmer најави свое враќање на сцената само во остварување во кое ќе има главна улога.

Филмот на траги-комичен начин ќе ни ги доближи животите на Mark Twain и Mary Baker Eddy, а снимањето треба да започне при крајот на овој месец. Другите детаљи од филмот засега не се познати, освен фактот дека филмот ќе може да се погледне во кината во 2013 година.

Еве како ќе изгледа актерот во кожата на познатиот писател. Скоро непрепознатливо!

Write A Comment