After Midnight

Валентајн може да биде интересен и за сингл девојките…

Веќе однапред се знаеше дека овој ден ќе биде помалку атрактивен за девојките кои деновиве  не беа ангажирани со купување подароци… Доколку сте сингл, немојте да очајувајте поради тоа што ќе бидете една од „ неколкуте “ кои нема да го поминат Валентајн во духот на црвените срценца, романтичните вечери и типичните симболи на овој празник.

Ви претставуваме неколку идеи со кои и Вие би можеле да си поминете убаво за Валентајн…

1. Прошетајте… Едноставно, има ли нешто поубаво од тоа, за миг да се најдете на место поразлично од секојдневното ? Изберете непознат правец, одете во природа или почестете се со Вашата дестинација од соништата…

2. Направете си топла бања… И додека сите секоја година ги повторуваат работите кои за Вас можеби се и клише, Вие овозможете си релаксација со топла бања во која ќе додадете неколку капки есенцијално масло. Опуштете се со свеќички околу Вас…И релаксирајте се !

3.Почестете се со третмани…Вие бидете поразлични и наместо мени во ресторан,  нарачајте си мени во некој салон за убавина и овозможете си го она што Ви се допаѓа. Кога сме кај третманите…убаво би било да си направите и некој интересен домашен третман: депилација, промена на бојата на коса, домашен маникир и педикир. После овие работи ќе бидете задоволни самите од себе и покрај фактот дека токму денешниот ден, Вие сте сингл…Едноставно, ќе зрачите !

4.Ladies night… Овој празник може целосно да го трансформирате и да славите бидејќи сеуште сте слободни и независни… љубовта сепак ќе си дојдте…Повикајте ги Вашите другарки, правете палачинки, дозволете си некоја игра со пиење алкохол или направете си интересни коктели.

5. Гледајте добар филм…Без разлика дали сте сама или во друштво, сигурно сте заслужиле да гледате добар филм. Убаво би било да гледате филм со Вашиот омилен актер, да си направите пуканки и да уживате…

6. Читајте… Колку и да не Ви е навика, самите сте свесни дека книгата знае да постави свет од кој е тешко да се излезе. Притоа, релаксирајте се и одмарајте…Барајте, истражувајте, опуштете се…Книгата е создадена токму за таа цел…

Напиши коментар