After Midnight

Ванила секс

Вкусот на сексот кој за некои е досаден за други е вистинска класика.

Доколку за момент Ви се појавија прашалници кога го прочитавте насловот, не се секирајте… можеби не сте чуле за ванила секс, меѓутоа тешко дека не сте учествувале во истиот!!!

Станува збор за најчестиот облик на секс, кои многумина го опишуваат како „добар и конвенционален„ начин на водење љубов. Под името се крие секс без експериментирање и варијации… Станува збор за една мисионерска поза со многу долги и „длабоки“ бакнежи.

Многумина го дефинираат како секс карактеристичен за почетниците… слатко, нежно, емотивно водење љубов!!!

Станува збор за однос кој е лишен од било какви садомазохистички игри, кинки моменти или фетиши. Полниот однос се претвора во слатко, нежно, емотивно водење љубов со личноста која ја сакаме.

Името го добива по вкусот на ванила сладоледот, а со самото тоа ванила сексот спаѓа во помалку обични и досадни вид на односи. Иако се сомневаме дека љубителите на ванилата ќе се сложат со тоа.

Напиши коментар