After Midnight

Вашиот живот зависи од часот на раѓање! Проверете!

Независно дали верувате или не, според некои луѓе часот на раѓање е од особена важност за карактерот и развојот на личноста.

Родените помеѓу 24 и 2 часот се луѓе со немирен дух. Разумот и чувствата кај нив се во постојана борба. Тие се екстремно борбени и амбициозни луѓе. Си поставуваат некоја цел и не се откажуваат додека не ја постигнат. Имаат склоност да ризикуваат и често губат поради тоа, но без да драматизираат. Паметни се, флексибилни, остроумни и лукави понекогаш. Затоа и успеваат во животот.

Родените во интервалот од 2 до 4 се боеми. Сакаат комфорт и луксуз. Секогаш се поставуваат на прво место себе си, сопствените желби и личната слобода.  Сакаат да се забавуваат и сакаат да пробаат од сите задоволства што животот им ги нуди. Силно се приврзуваат кон луѓето што ги сакаат. Си поставуваат секогаш високи цели, но бидејќи се упорни најчесто стигнуваат онаму каде што намислиле. На овие луѓе не им поставувајте граници, зошто ќе ги изгубите брзо.

Родените во интервалот од 4 до 6 часот се многу енергични и позитивни луѓе. Тие се искрени и отворени и се трудат секогаш да ви ја кажат вистината право во очи. Имаат многу силен карактер и сакаат по секоја цена да ги контролираат работите и луѓето околу нив. Не трпат лага и лицемерие и често се избегнувани од околината поради тоа. Во љубовта сакаат да бидат доминантни. Со нив треба да си отворен, зошто во спротивно си играш со оган.

Родените во интервалот од 6 до 8 се многу нерешетилни . Тешко прифаќаат било какви промени, на личен и професионален план. Имаат силно развиена фантазија, па затоа креативните работи се вистинскиот избор за нив. Во личен план се многу независни и често се аутсајдери во средината, живеејќи во сопствениот измислен свет. Едноставно сами избираат да не бидат дел од матрицата и тоа ги прави уникатни.

Родените во интервалот од 8 до 10 часот се големи авантуристи и постојано бараат нешто ново и нешто повеќе. Карактеристично за нив е тоа дека се им здосадува многу брзо. Родените во ова време имаат силно изразен независен карактер, не сакаат никој да им се меша во животот, не прифаќаат совети, дури и кога се добронамерни и од најблиските луѓе. И најчесто на крај успеваат да го постигнат тоа што го сакаат.  Ја презираат лагата и не се склони да прават компромиси. Недостапни за сите оние кои не се на нивно ниво.

Родените во интервалот од 10 до 12 часот се неверојатно амбициозни луѓе. Успехот за нив стои над се останато. Овие луѓе обично секогаш успеваат да се издигнат високо во хиерархијата, благодарение на својата упорност и супер амбициозност. Не признаваат ништо и газат по се што им пречи да ја постигнат својата цел. Во средината често се игнорирани, но тоа не ги загрижува особено, бидејќи сметаат дека се нешто повеќе од останатите. Реално, тие се многу паметни, но нивниот егоизам и претерана самодоверба пречи на останатите.

Очекувајте продолжување!

2 коментари

Reply To boza Cancel Reply