Ако нешто го излудува машкото, тоа е соблекување на парчиња облека од женското тело. Доколку му приредите жешко сценарио, сведено на стриптиз, неговите колена ќе се тресат, а сексот ќе биде извонреден. Ви предлагаме неколку совети кои ќе го хипнотизираат…
Полудете го
Облечете нешто секси. Нив навистина ги интересира што има под Вашата облека, па облечете провокативен долен веш. Значи…бели „бабини“ гаќи- никако. Облечете секси црвени чипкасти гаќички, танга или провидни гаќички. Немојте да заборавите на секси градник, а по можност облечете и подвезици- тоа ќе го полуди. Високи потпетици дополнително ја загреваат ситуацијата.
Одберете музичка подлога
Секако, нека не биде тоа музика која ќе Ве тера да скокате или да се вртите на шипка. Одберете амбиентална музика. Почнете да играте полека и виткајте се сензуално…Кога ќе почнете да се соблекувате, забрзајте го ритамот. Не му дозволувајте да Ве допре, а вие полека и нежно милувајте го, со тоа што ќе почнете да го соблекувате и заводливо ќе му седнете во скут. Кога ќе ги соблечете чорапите…вешто ставете ги помеѓу неговото меѓуножје. Дозволете му барем малку да Ве помилува, а ако се занесе, тргнете му ги рацете…Не брзајте,имате доволно време да му го откриете секој дел од телото…Веќе е луд и нетрпелив, зар не ?
Соблечете се па облечете се
Тоа потполно ќе го полуди. Прво спуштете ја прерамката од Вашиот градник, а потоа вратете ја на место, направете го тоа повеќе пати, а кога градникот ќе падне, градите покриете ги со рацете. Работ од гаќичките поместете го и дозволете му за секунда да го види Вашето меѓуножје, а потоа пак покријте се. Секој облечен дел наеднаш соблечете го и фрлете го директно на него…Кога конечно, ќе се соблечете, почнете да се милувате по цело тело. Одложете ја пенетрацијата за понатаму…А кога веќе ќе видите експлозија на неговото лице, дозволете му иницијатива.