Доколку сте приморани Вашите обврски да ги извршувате седејќи, односно пред компјутер, постои решение за подобрување на Вашата физичка и ментална состојба.
Научниците откриваат дека на секои 20 минути би требало задолжително да станете !
Нивото на шеќер во крвта не се качува толку нагло кај вработените кои на секои 20 минути се раздвижуваат. Тоа може да Ви изгледа тешко изводливо, но е доста важно, тврдат научниците.
Редовните паузи на 20 минути се важни од повеќе причини. Посебно е важно дека така се намалува нивото на гликоза и инсулин.
„ Кога седиме, нашите мускули се неактивни, не се раздвижуваат ниту му помагаат на телото да ги регулира многуте метаболитички процеси, а не би требало да биде така “, тврдат истражувачи од Baker Idi Heart and Diabetes институтот во Мелбурн.
Она што најмногу шокира во истражувањето, не е фактот дека паузите се толку корисни, колку што е штетно седењето !
