Добро размислете
Се сомневате дека Ве изневерува со згодната комшивка која секогаш слатко му се смешка ?
Или можеби со убавицата од канцеларија ?
Толку индикатори…А Вие не сте сигурни…Овие трикови ќе ви докажат дека Вашите сомнежи се оправдани !
1.Секој Петок дома се враќа подоцна
Кажете му дека долго немате излезено во омилениот ресторан или кафуле и да Ве однесе- токму во Петок ! Ако почнува да Ве „мота“, постои веројатност дека нешто се случува. Ако проба да се извлече со изговор дека ќе гледа фудбал со другарите, предложете му дека ќе дојдете и ќе почекате да заврши натпреварот, па ќе излезете. Ако и со тоа не се согласи- дефинитивно нема чиста совест.
2. Некој секогаш Ви спушта слушалка кога ќе се јавите
Прашајте го дали истото и нему му се случува. Ако реагира несигурно и почнува да пелтечи, пробајте да дознаете за што станува збор.
3. Работите прекувремено, а тоа нему воопшто не му смета
Можеби тоа време го користи за да биде со друга. Меѓутоа, поголема е опасноста ако не му смета што не е со Вас…или ако му е сеедно. Затоа, јавете му се од работа, предложете му да одите на вечера, одете во кино, згответе му сарма, направете било што за да му покажете дека Ви е важен.
4. Речиси секоја вечер започнува со ’рчење на каучот…секс нема со месеци
Овде не мора да значи дека е во прашање жена…Наместо да барате кој е крив- заведете го …
Набавете секси долен веш, направете му го омиленото јадење, отворете му квалитетно вино, ако и тоа не успее…„виновна“ е неговата љубовница.