After Midnight

Вечната мистерија – Женското однесување…

Ах тие жени!!! Постои ли некој  „мозок“ што може да го објасни и разбере,  чудното однесување жените… кое ни тие самите не го разбираат!!!.

Во само еден ден е можно се…!!!

Најдобрата пријателка да биде најголема злобничка а уште истиот ден со брзина на светлината да ја врати позицијата на најдобра пријателка!!! Жените се осетливи на промена на хормоните и многу повеќе зборат од мажите… среќа што жените имаат поголема потреба од разговор за да се средат одредени меѓусебни проблеми и недоразбирања. Сето тоа  гледано низ призмата на мажите е научна фантастика!!!

Жените купуваат слични работи на оние кои ги имаат. Но жените знаат дека постои голема разлика помеѓу три црни фустанчиња во нивниот орман … за жал мажите си немаат појма која е разликата… Сите 3 се црни !!!

Жените се вистински тажни кога некој планиран outfit  не изгледа убаво … ги прави дебели… а паѓаат во екстаза доколку во некоја облека изгледаат послаби. Што би требало да направат мажите доколку се најдат во ситуација „изгледам грозно!!!“??? – Ништо… всушност мажите не го разбираат проблемот „Таа изгледа супер исто како минатиот пат кога го носеше“ е нивното решение на „проблемот“.  Многумина за ваквите ситуации на мажите им предлагаат да почнат со одредена шега како би ја расположиле партнерката… Но дали е можно ???…

Добриот изглед не е никогаш опција, мора да се изгледа супер за секоја ситуација и напред и позади… не смее да е развлечено мора да е стегнато. А мажите се прашуваат зошто жените мора да се вакви „цепидлаки“ … а одговорот е во нивните „кршења на врат“ кога ќе здогледаат „добра„  женска.

Купувањето на неудобни чевли кои се обожаваат бидејќи прекрасно изгледаат !!! Разбирливо за жените, но за мажите е вистинска мистерија… Но кога би го знаеле лековитото влијание на женското его тогаш веднаш би разбрале за што станува збор. Кога жената ќе ги облече тие „магични“ нови чевли се чувствува секси, знае дека нејзините нозе изгледаат фантастично … Толку е едноставно нели ???

Напиши коментар