Celebrity

Веќе се снима филмот за „Металика“!

Бендот „Металика“ на својот официјален сајт потврди дека гласините за подготовка на 3D филм се точни.

Во соопштението се вели дека тие веќе започнале со снимање на филмот, но дека сеуште е во рана фаза на продукција. Тие ги предупредиле своите фанови да не го очекуваат филмот порано од 2013 година.

–          Тука сме за да ви кажеме дека филмот постои, работиме на него и моментално е рано да се зборува за него. Би сакале да ви кажеме нешто повеќе за тоа, но и ние сеуште не ги знаеме сите детаљи.

Членовите на бендот не сакаат да откријат за каков вид на филм се работи и дали во него ќе има автобиографски елементи и во која мера, но го најавија следново:

Филмот ќе можете да го видите во 2013 година, а штом работите ќе се финализираат, ќе ги споделиме со вас сите информации.

Write A Comment