After Midnight

Верувале или не!!!… Вибраторот бил измислен за мажите!!!

Историјата на вибраторот.

Многумина од нас никогаш не се запрашале кога и зошто е измислен првиот вибратор.

Најголемата заблуда низ историјата е мислењето дека всушност е измислен за уживање на жената. Вистината ќе Ве изненади… Судејќи според креаторот на вибраторот бил наменет за опуштање на мускулите на мажите.

На самиот крај на 19 век англиски лекар Džozef Mortimer Grenvil го патентирал првиот вибратор на светот, меѓутоа први кои имале можност да го користат биле само мажите, поточно неговите колеги доктори.

Новиот изум бил наречен „ЧЕКАН“.

Džozef Mortimer Grenvil во својата книга на тема „Вибрации на нервите“ напишана во 1883 признал дека оваа направа никогаш нема да биде тестирана на жени, поради јачината на вибрации, нејзината цел ќе биде опуштање на напнатите мускули кај мажите по напорна работа.

На тој начин бил создаден електричниот вибратор, со мала вибрациона кугла на врвот напојувана од батерии со големина на куфер.

Набргу  по патентирањето на „чеканот на Grenvil“  психијатрите од Англија ги виделе придобивките на изумот и го примениле во нивната работа. Имено тие со помош на изумот создале нов медот на лечење на хистерија кај жените. Во тоа време единствен начин за лечење на хистеријата кај жените била масажата на клиторисот за да истата доживее оргазам. Лекот за хистеријата бил оргазмот и чеканот на Grenvil едноставно било револуционерно решение побрзо да се постигне оргазмот кај пациентката на која и била лечена од хистерија. (Се до 20 век се сметало дека жената може да доживее оргазам исклучиво со секс со машко.)

Набргу се проширило постоењето на изумот и тоа станало јавна тајна низ колуарите на Лондон. Сите зборувале за изумот кој ги прави жените среќни!!!

Ваквите масажи биле многу напорни за лекарите и тие често пателе од вкочанети мускули на рацете. Grenvil по огромниот успех на неговиот изум почнал да го модифицира истиот и набргу вибраторот го добил денешниот познат лик. Набргу се појавил (1900) и во аптеките и можел да се купи за тогаш вртоглави 200 франци.

Почнале да се печатат реклами за овој нов медицински апарат. Во лондон се барал вибратор повеќе, успехот бил неминовен.

Поедини реклами го го рекламирале како идеален поклон за жените за нова година со мотото „ Вратете го сјајот во очите и руменилото на образите на вашата жена “.

Многу од докторите почнале да ги пишуваат своите докторски дисертации врз основа на вибраторот!!! Имено се верувало дека тој е магичниот лек против артритис, импотенција, ќелавост, отстранување на масни наслаги и …

Денес вибраторот го има во најразлични облици, видови и големина.

Сепак на крајот на оваа кратка историја на вибраторот мора да се напомени дека од сите можни подобности кои ги нуди вибраторот жените биле оние кои најмногу профитрале!!!

Напиши коментар