After Midnight

Веруваме во толку лаги за сексот, што не можеме да уживаме…

Вие сте биолошки, сексуални суштества, таква ви е природата. Нашето тело е мудро. Целата таа интелигенција е во гените, во ДНК-та. На ДНК-та не и е потребно да разбира или објаснува ништо, таа едноставно знае. Проблемот не е во сексот. Навистина нема ништо за објаснување. Толку е тешко за умот да се предаде, да разбере дека се е такво какво што треба да биде. Има цел куп верувања за тоа каков треба да биде сексот, како треба да изгледа врската и овие верувања се целосно изопачени.

Во пеколот ние плаќаме висока цена за своите сексуални контакти, но инстиктот е толку силен, што и покрај се го правиме. После тоа ја чувствуваме целата таа вина, целиот тој срам, слушаме најразлични озборувања: Види што прави оваа жена!!! Погледни го овој маж!!! Имаме дефиниции за тоа каква е жената, каков е мажот, како жената треба да се однесува сексуално, како треба мажот да гледа на сексот и др. Жените се или премногу слаби или премногу дебели. Треба да ја имаате соодветната гардероба, за да го создадете правилниот образ, така за да бидете привлечни и да се вклопувате во општоприфатената матрица на правилно поведение. Ако не се вклопувате во оваа замисла вие созревате со убедувањето дека не вредите доволно и никој нема да ве сака.

Веруваме во толку лаги за сексот, што не можеме да уживаме. Сексот е за животните. Сексот е ѓаволски. Треба да се срамиме од сексуалните контакти. Овие правила за сексот одат против природата и тоа е како сон но ние веруваме во него. Вашата вистинска природа излегува на површина и таа не одговара со сите овие правила. Вие сте виновни. Вие не сте она што треба да бидете. Вие сте осудени, измачувани. Вие се казнувате самите себе и тоа не е чесно. Тоа создава рани кои се заразуваат со емоционален отров.

„Способноста да сакаш“ Дон Мигел Руис

Write A Comment