Експертите одавна тврдат дека бојата на храната – е важен фактор. Но бојата влијае не само на продажбите, но и на вкусот на храната, апетитот и здравјето. Особено ако боите се вештачки. Меѓутоа очигледно на производителите им е важно храната добро да изгледа, да биде примамлива за око и да се продава немислејќи на нашето здравје.
Вештачките бои се користат со децении во производството на храна и без нив безалкохолните пијалоци би биле прозирни, а чипсот бел.
Наскоро Њујорк Тајмс објави статија за експеримент спроведен во универзитетот Корнел. Целта била да се определи влијанието на бојата во чипсот. Резултатите разочаруваат: чипсот без вештачка боја бил со блуткав вкус, без арома и со боја која го убива апетитот. Освен тоа сите вештачки супстанции внесени во човечкиот организам, повеќе или помалку, се одразуваат на општата здравствена состојба на луѓето.
За голем дел од вештачките бои е утврдено дека се токсични и поради тоа се забранети да се употребуваат во производството на храна. Особено за производители на бебешка храна. Експертите советуваат да избегнуваме готови производи кои содржат конзерванси, вештачки бои и ароми. И нивната конзумација да се сведе на минимум. Најдоброто што можете да го сторите за себе и вашите најблиски е да изберете здрава и органска храна.
Но не сите бои се толку опасни. Например Кока Кола ја добива својата боја од карамелизиран шеќер, сирењето Чедар ја добива својата јарко портокалова боја од црвениот пипер, како и некои други современи производители кои користат природни бои како например цвекло и слично. Постепено употребата на вештачки бои е сведена на минимум и се надеваме дека ваквата тенденција ќе продолжи во долгорочен план.
