Gina Rinehart е најбогатата жена на светот. Според пописот кој го објави BRW таа поседува богатство од 23 милијарди евра. Gina е 58 годишна и живее во Австралија.
Таа е наследничка на рудникот Hancock, па според последниот извештај оваа година со своето богатство успеала да ја надмине и американката Christy Walton, сопственичката на ланецот трговски центри Wal-Mart.
Во Австралија таа е честа мета на критики, особено од лабуристичката влада, затоа што таа цврсто се залагала за намалување на данокот за рударската индустрија.