After Midnight

Видови на бакнежи и нивното значење

Има толку многу видови на бакнежи… дали ги имате пробано сите?

Пеперуткин бакнеж

На многу блиско растојание од партнерот, поточно од неговото лице застанете така што ќе го допирате само со врвот од трпките. Кога ќе затрепкате тие ќе го допираат.

Бакнеж со воздишки

Додека се бакнувате со партнерот нежно вдишете… тоа е многу интимен бакнеж за кој сметаат дека оние кои го практикуваат остануваат засекогаш заедно.

Бакнеж на вратот

Ако сакате да го возбудите, тогаш сторете го ова. Нежно бакнете го на вратот, во пределот под ушите кој води кон рамената.

Бакнеж на рамото

Ако ви пријде одзади, ве прегрне и бакне на рамото тогаш тој има чисти емоции.

Бакнеж на раката

Ова е традиционален бакнеж за дамите. На овој начин се искажувала почитта кон нив.

Француски бакнеж

Овој бакнеж е многу личен и интимен. Во бакнувањето е вклучен и јазикот, а преку него разменуваме воздишки, кои се извор на животот.

Бакнж на челото

Ова е мајчински бакнеж, и го практикуваме ако сакаме некого да утешиме.

Бакнеж на стапало

Тој може да биде многу еротичен. Бидете внимателни да не го скокоткате партнерот, доколку го направите како што треба ќе имате големо сексуално искуство.

 

Напиши коментар