Креаторка, мајка на четири деца и сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам, Викторија Бекам наскоро ќе застане на големата сцена. Таа ќе им се придружи на останатите поранешни членови на женскиот бенд Spice Girls, и сите заедно ќе се припремаат за мјузиклот кој во декември оваа година премиерно ќе биде прикажан.

Главните виновници за овој мјузикл се поранешните менаџери на најпопуларната женската група, Сајмон Фаулер и продуцентот на мјузиклот Мама Миа.

Мјузиклот “Viva Forever” ќе зборува за едно девојче кое се обидува да стигне до светска слава учествувајќи во едно телевизиско шоу за таленти. Се разбира, целата приказна ќе биде заснована на песните на групата Spice Girls.

Напиши коментар