After Midnight

Вистината за мажите !!!

Тие сакаат да гледаат други жени…обожаваат стриптиз. Не можат да одолеат на флерт…мозокот на мажот крие многу тајни…

Пред Вас се неколку кои сигурно нема да Ви се допаднат …меѓутоа тие се неизбежни факти со кои ќе мора да се помирите и да ги прифатите!!!

Сакаат да гледаат туѓи девојки

Повеќето мажи не можат да го контролираат „животинскиот“ инстинкт… доволна е милисекунда за забележат добар задник или убаво деколте. Не треба да им се замерува… имено станува збор за еволуциско наследство за кое крива е природата.

Мажите се „деца“

Не е изговор…туку факт – во душата мажите се вечни деца!!! Додека тој неуморно ужива во фудбалските натпревари, Вие слободно можете да уживате во Вашето слободно време !!!

Перверзии

За разлика од жените мажите постојано мислат на секс. Во главата често им се вртат перверзни сутиации!!!

Склони кон неверство

Тоа е вистина!!! Но повеќето мажи нема да се впуштат во тоа, од повеќе причини – чувство на срам, вина и страв… Стручњаците објаснуваат дека тоа е чиста биологија која мажите ги наведува да мечтаат за други жени. Едно истражување покажало дека мажите би изневериле, кога би биле сигурни дека нивната партнерка нема да ги дознае.

Сакаат да бидат идоли

Секој маж сака неговата избраничка да го смета за силен, успешен и секси. Повеќето не би признале, меѓутоа, мажите мислат дека се попаметни од својата понежна половина !!!

Напиши коментар