After Midnight

Вистинска историја за една вистинска љубов

„Беше обично хаотично утро, кога еден возрасен маж во своите осумдесетти години дојде во оделението за да ги извадиме конците од неговата од раната на  раката. Очигледно беше дека многу му се брза и тивко со растреперен глас ми рече дека има многу важна работа наскоро и мора да побрзаме.

Со сожалување го замолив да седне, знаејќи дека сите доктори се зафатени и ќе можат да го примат дури после еден час најмалку.

И сепак, гледајќи го со каков копнеж гледа во часовникот, мојата совест се разбуди, и јас решив – секако во моментов немам друга работа, ќе му помогнам јас.

За време на манипулацијата ние разговаравме. Не можев да се воздржам, нешто во мене ме натера, дали љубопитноста, дали претчувството дека ќе научам нешто важно, како и да е, јас прашав:

За што точно се работи господине, зошто толку брзате, многу важна работа ли имате?

–        Треба да успеам да отидам до друга болница за да ја нахранам мојата болна сопруга.

Старецот ми раскажа како пред некое време на неговата сопруга и дијагностицирале Алцхајмер и од тогаш секое утро е таму, со неа. Погледнувајќи во часовникот го прашав дали таа ќе биде вознемирена ако тој малку закасне.

За мое големо изненадување мојот соговорник ми раскажа дека таа последните пет години не го препознава.

–        Таа дури не знае кој сум воопшто јас – тажно дополни човекот.

–        И вие одите таму секое утро и покрај тоа што таа дури не знае кој сте вие?

Станувајќи старецот се насмевна, ја стисна мојата рака во своите стари растреперени раце и одговори:

–        Да, таа не знае кој сум јас. Но затоа јас знам која е таа!…

Тешко ми беше да се воздржам да не заплачам.

И кога старецот замина, помислив:

Имено тоа е Љубовта за која секој од нас мечтае да ја има во својот живот!…

Несомнено и покрај болеста таа беше среќна жена, имајќи таков сопруг, кој ја љуби, кој се грижи…

Вистинската љубов, тоа не е физичката страст и не е само романтика.

Вистинската љубов, тоа е способноста да се прифати се!

Се, што било, што е и што ќе биде…

Напиши коментар