Мојата кујна

Вкусен домашен хамбургер

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 килограм мелено месо ( по желба )

лепчиња за хамбургер

250 грама кашкавал

1 црвен кромид

250 грама ленти сланина

листови марула

сол

бибер

ПОДГОТОВКА:

Исечкајте го кромидот на тенки парчиња  ( полумесечинки ) и пржете  го кратко време во намастено тавче. Кога ќе се запржи, извадете го во чинија на страна.

Од меленото месо направате плескавици ( големината нека биде во однос на лепчињата). Зачинете ги од двете страни со сол и бибер. Во секој од нив направете мала вдлабнатина и ставете пропорционално рендан кашкавал. Оформете плескавица.

Печете на грил плотна, скара или грил тава. Кога ќе бидат испечени, оставете ги да се одморат неколку минути. Лепчињата исечете ги на половина, додека скарата е уште топла  ставете ги заедно со сланината да се запечат.

Наредете го сендвичот…На лепчето ставете ја плескавицата, сланина, испржениот кромид и лист зелена салата.

Совет:

Испржете си крцкави компирчиња…

Уживајте!!!

Write A Comment