After Midnight

Влијаат ли гените на среќата во љубовта?

Ако судиме по најновите истражувања, тогаш генетиката има огромно влијание на нашиот љубовен живот. Шведските научници откриле соло ген кај жените кој влијае на способноста за врзување со партнерот.

Научниците тврдат дека причината за прекинот на врската се гледа во ДНК. Тие го исражувале наследниот материјал на повеќе од 1800 парови, и оние кои се во врска најмалку 5 години. Научниците тврдат дека личностите кои имаат т.н соло ген произведуваат помала количина на хормонот кој е задолжен за љубовта и врските. Затоа тие имаат помала потреба да бидат во врска со некого.

Тие личности, статистички гледано поретко стапуваат и во брак. Иако при целото истражување научниците наишле на многу проблеми, сепак тие сметаат дека крајниот заклучок е веродостоен.

Од друга страна пак, ова сознание може да биде добар изговор на жената за подобар живот.

Напиши коментар