Здраво тело

Влијанието на енергетските пијалаци врз телото

Голем број на енергетски пијалаци во себе содржат големи количества кофеин кој што предизвикува привремено зголемување на енергијата. Енергетските пијалаци содржат голем процент на шеќер и други супстанци кои само краткотрајно дозволуваат наплив на енергија, но истите се придружени со одредени дисфункционалности во организмот.

Енергетските пијалаци кои што содржат шеќер допринесуваат за зголемувањето на телесната тежина и внесот на премногу кофеин може да доведе до: зголемување на крвниот притисок, нервоза, иритантност, несоница, брзо чукање на срцето

Комбинацијата на на енергетските пијалаци и алкохол е уште побреблематично. Имено паралелното консумирање на енергетски пијалак и алкохол може да го забави чувството за интоксикација (времето за достигнување пијанство се пролонгира) што може да доведе до поголем внесот на алкохол, а со самото тоа и проблеми кои се јавуваат при големо количество на алкохол.

Повременото консумирање на енергетски пијалак е во ред. Меѓутоа  доколку постојано се чувствувате изморени, а сакате да го подобрите тоа одберете поздрави начини за зголемување на Вашата енергија. Наспијте се, внесете физичка активност во секојдневниот живот и применете здрав начин на исхрана. Ако тоа не помогне, консултирајте се со Вашиот доктор. Понекогаш, уморот може да биде знак за некоја медицинска состојба како што е хипотироидизам или анемија.

Write A Comment