After Midnight

Вљубен ли е во тебе?

Има неколку сигурни симптоми со чија помош ќе  откриеш дека еден маж е вљубен во тебе. Не е доволно да сте заедно, да сте во врска или дури во брак. Ако сакаш да откриеш дали тој е вљубен во тебе, размисли за следниве неколку работи:

Дали лицето му се озарува со насмевка секогаш кога ќе влезеш во собата или случајно се сретнете некаде надвор? Изразот на лицето е многу поважен од зборовите кои ги изговара. Особено се важни реакциите кога не очекува да те види.

Кога ќе се разделите за кратко, прави ли планови за тоа кога пак ќе се видите?

Тој е оној што те бара почесто на телефон и пријатно те изненадува со меилови и смс пораки.

Ги памети важните за вас датуми и секогаш те изненадува со букет или подарок.

Сака да бидете почесто заедно и ја посветува секоја своја слободна минута на тебе.

Прави планови за заедничката иднина и развојот на вашата врска.

Ако вашиот партнер ги прави сите овие нешта, тогаш вие сте среќно вљубена жена. Имате до себе вљубен маж, кој не може без вас. Одговорете му по истиот начин и насладувајте се на прекрасната врска.

Напиши коментар