After Midnight

Вљубена во човек што не заслужува…

Се вљубивте во него нели? Мислевте дека ако е нежен и мил со вас тоа значи и дека ве сака? Сте згрешиле многу!

Девојките најчесто ги сакаат оние кои се најнедостапни за нив, си поставуваат високи цели, но недај Боже да се вљубат во нив. Почнува една болна агонија, измачување сам себе си и другиот и тоа е се, само љубов не. Знаеш дека не смееш, знаеш дека тоа нема да донесе ништо добро, но нешто внатре во тебе упорно те тера да ја направиш следната грешка, да го побараш, да се обидеш уште еднаш и само бог знае по кој пат го правиш тоа. Се обидуваш да се контролираш, но во момент на слабост паѓаш, како и секој друг човек на планетава.

Овој пат неговата стратегија ви е јасна! На него му се здосадило веќе да ве освојува со добро познатите излитени фрази, а вие очајно се обидувате да го промените, да ве засака, да бидете дел од неговиот живот, зошто тој е дел од вашиот…Што се случува кога ќе откриете дека тој се однесува исто и со друга девојка…?

Не можете да поверувате, што се случи со чуствата што ги имаше за вас? Беше нежен и мил, гледаше вљубено, а сега се однесува вака? За чувства ли се работело или за успешна машка стратегија? Толку е тој вешт во лагата или ние сами си ги затвараме очите верувајќи во нашата илузија и копнежот по вистинска љубов? Наша ли е грешката што сме паднале во замката? …Одговорот на ова, драги дами е дефинитивно НЕ! Жена која бара и дава љубов заслужува почит! А тој некој, што се дрзнал да си поигра со нечии чувства треба да знае дека болката што ја предизвикуваш на другите, тебе најмногу ќе те повреди…Зошто се на овој свет се враќа…

Сега сте излажана, безнадежно вљубена и се налага да го делите човекот што го сакате. Колку и да ве боли, болката ќе помине. Плачете, невозможно е да не страдате, не потиснувајте ја маката и солзите.

Верувајте, треба само да сакате, за да можете да продолжите квалитетно да живеете, нема невозможни работи!

Напиши коментар