Се наоѓате ли во ситуација, да сте во врска , а случајно сте запознале некого, за кого сметате дека дека би можел да биде Вистинскиот? Што сега? Што да направите понатаму?
Летото е идеалното време за оние кои се слободни и кои бараат врска. Меѓутоа, летото успева толку да не избезуми што, ни се случува дури и кога сме во врска да се заљубиме во друг дечко.
Размислете пред се: што се случило во вашата врска , што довело до тоа да ве привлече друг партнер?
Можеби љубовта која ја добивате од вашиот сегашен партнер не е сосема доволна за да бидете среќни? Колку и да ја сакате личноста со која сте во врска, никој не може да гарантира дека нема никогаш да се заљубите во некој друг.
Не можете да бирате во кого и кога ќе се заљубите. Меѓутоа, доколку тоа и ви се случи, никогаш не смеете да седите на две столици. Доколку сте се заљубиле во друга личност би било добро да седнете и да поразговарате за тоа со вашиот партнер и да му објасните за што станува збор.
Пред се, морате да бидете 100% сигурни дека навистина сте заљубени во другата личност. Никогаш не смеете себе си да си дозволите да го измамите партнерот. Подобро раскинете ја врската, па дури и по цена на тоа, личноста со која сакате да бидете, да не испадне тоа што сте очекувале.
Доколку навистина сакате да раскинете со својот партнер, поради некоја друга личност, немојте да си дозволувате нешто да ве одвраќа од тоа решение. Разговарајте со него, на нежен начин, и никако немојте да плачете. Бидете чесни и прво сами со себе, одлучете што ќе превземете, па дури потоа разговарајте со партнерот.
Вашиот партнер сигурно ќе тагува, ќе се чувствува измамено и луто. Но, имајте разбирање, ни нему не му е лесно. Вие, тогаш, морате да бидете цврсти. Никогаш немојте себе си да се обвинувате за неговите чувства, бидејки вие ништо погрешно и не направивте. Да се погреши е човечки, а и вие имате право да згрешите.
