Приказната за затворениците ја освои наградата за најдобар филм или „Златен лав“ на фестивалот кој традиционално се одржува во Берлин.
„Цезар мора да умре“ на Пол и Викторија Тавијаниј е всушност докумантарец за затвореници кои се подготвуваат за изведување на претставата „Јулиј Цезар“. Убијци, мафијаши и други криминалци ја изведуваат претставата на Вилијам Шекспир, а нивните лични судбини и приказни фрлаат ново светло на класичните теми поврзани со одмазда и предавство.
„Сребрениот лав“ за режија го добил Кристијан Пеколду за филмот „Барбара“. Признанија за најдобри актери добиле и Микел Бое Фолсгард за филмот „Кралска афера“и Рејчел Мванза за „Воена вештерка“.
Ова е трејлерот за победничкиот филм: