After Midnight

Во една врска најкритични се 3-та и 7-та година

Седмата година е најкритичната во врската, но според некои и третата е исто толку тешка за пребродување и исполнета со проблеми и напнатост. Повеќето парови се разделуваат зошто често се караат и имаат различни погледи на животот. Во почетокот има многу работи за кои не би се скарале но со тек на годините истите тие работи стануваат причина за скандал. Партнерите започнуваат да излегуваат сами, да имаат свој личен живот и да се забавуваат еден без друг. Тоа не е проблем се разбира ако е во границите на нормалното, сепак секој човек си има потреба од лично пространство.

Нормално е со текот на времето нашата врска да се промени. Веќе немате секс толку често, рутината настапува на сцена и така романтиката полека ја снемува.

Еве ги и најчестите причини за распадот на повеќето врски:

Зголемување на телесната тежина;

Финансиски проблеми;

Работохолизам;

Недоволна лична хигиена кај едниот партнер;

Роднини;

Недоволно романтика;

Злоупотреба со алкохол;

Непријатни навики;

Ако сте заедно веќе две години и успеете да ја преживеете и третата, тогаш очекувајте уште една тешка година – седмата. Најчесто луѓето се разделуваат од монотонијата што настапила и имаат потреба од нешто различно, свежо и ново што ќе им го врати оној пламен повторно во градите…возбуда, страст…

1 Коментар

Напиши коментар