Free zone

Во Египет починатиот оживеал – погребот се претворил во веселба!

Сахраната на 28 годишниот конобар од Египет, Хамди Ал Нуби, се претворила во веселба кога покојниот станал и им покажал на сите дека е сеуште жив.

Причината заради која тој бил прогласен за мртов е тоа што доживеал срцев удар додека бил на работа. Семејсвото го однело мртвото тело во домот и според муслиманските обичаи го спремила за погреб.

Но, докторката која требала да ја потпише посмртницата сметала дека е многу чудно тоа што раката на починатиот е сеуште топла. Кога таа утврдила дека сепак Ал Нуби е жив, неговата мајка се онесвестила. Набргу докторката ги вратила во живот и двајцата и тие им се придружиле на гостите кои ја започнале веселбата откако дознале дека се случило чудо.

Напиши коментар